Петар Печков
Објавено: вторник, 19 септември 2023
Се одигра првото коло од Третата лига Центар, каде се натпреваруваат три екипи од ОФС Велес, која е и организатор на натпреварувањето. ФК Борец како домаќин славеше со високи 9:0 над крушевски ФК Бучин.
Додека пак ФК Локомотива од Градско на гостувањето во Прилеп загуби со 2:3 со бројни забелешки за однесувањето на домаќините. Во ова коло слободена беше екипата на ФК Превалец. Лигата брои 11 екипи.
Започнаа и натпреварите од Втората лига фудбал жени, каде настапува екипата на ЖФК Борец. Во првото коло на домашен терен одигра нерешено 2:2 со екипата на ЖФК Победа од Валандово. Лигата брои осум екипи.
Tweet |