Петар Печков
Објавено: петок, 28 јуни 2019
Согласно статутарните овластувања, претседателот на СДСМ Зоран Заев назначи нови 40 претседатели на Општински организации на партијата. Меѓу нив е и за Велес.
Нов претседател е Стево Крстевски (35 год) дипломиран економист сопственик на книговодствено биро. Тој бил член на ОО на СДСМ Велес од 2002-та.
Овие промени доаѓаат откако по претседателските избори, претседателот на СДСМ Зоран Заев ги смени сите 80 партиски претседатели.
Крстевски најави дека за скоро време ќе ги избере членовите на Извршниот одбор.
Tweet |