Петар Печков
Објавено: петок, 08 ноември 2024
Велешка Колска доби нов директор. Тоа е младиот Стефан Амбарков и не е дел од вработените, кој високо образование завршил на УКИМ Скопје.
Фабриката работи со 60 -тина вработени и ги сервисира патничките и товарни вагони на Македонски железници.
Сите овие години на назад се судрува со проблеми за обезедување на работа и можност од нејзино затворање. Проблемите со кои вработените во фабриката се судруваат се децениски, откако во 1996-тата таа беше издвоена од МЖ.
Таму пак е припоена во 1972-та година, претходно била самостоен правен субјект. Фабриката за шински возила ,,Велес,, е меѓу најстарите на Балканот, изградена 1916-та година.
Колска е изградена од страна на Германците во периодот на првата Светска војна а во тоа време била само работилница. Тие ја изградиле за нивни потреби, за поправка на возовите кои сообраќале кон Солун и кон Лерин.
Tweet |