Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 јули 2023
Викендов во Братислава, Словачка на патеката Чуново се одржа Европското првенство кајак слалом на диви води, за јуниори и У-23 години. Најдобар пласман имаше велешанецот Стефан Рибарски кој во јуниорска конкуренција влезе во полуфиналето и меѓу 30 учесници беше 25 со 10 секунди заостаток.
Претходно во квалификациите Стефан успеа меѓу 55 натпреварувачи да влезе во првите 30 и тоа со добро веслање во втората трка. ВО оваа конкуренција настапи Никола Димитриев кој во првата трка беше 44, Рибарски беше 38 а во втората трка Рибарски беше 8 со што обезбеди полуфинале. Димитриев, кој е од Демир Капија, во втората трка меѓу 35 веслачи беше 30.
Во У-23 веслаше и големата надеж на македонскиот кајак Ангелче Петрушев, кој имаше слаби резултати. Во првата трка меѓу 56 учесници, Петрушев беше 49 со една минута заостаток зад првиот од нив имаше 56 казнени секунди. Во втората трка уше полошо веслање со 114 секунди заостаток, од нив 102 казнени поени. Со тоа во втората трка беше 32 од 36 учесници.
На ова ЕП за помлади категории, се веслаше и новата дисциплина кајак крос. Петрушев беше 25 од 46 учесници а во четврт-финале влегоа првите 16, додека кај јуниорите Рибарски и Димитров беа дисквалификувани.
Следен настап на кајакарите во младите категории, на диви води е учеството на Светското првенство за јуниори и У-23 кое ќе се одржи во Краков -Полска од 15 до 20 август.
Tweet |