Петар Печков
Објавено: вторник, 22 јануари 2013
По барање на Министерството за финансии, Управа за Јавни приходи, во Основниот суд во Велес е отворана стечајна постапка за Велеспром. Некогашниот трговски џин, сега руина од фирма отиде во стечај, причина оти сметката била блокирана повеќе од 45 дена. За стечаен е именуван за Богољуб Макревски кој го водеше стечајот во Рудкоп од Кавадарци и Сведмилк од Битола.
Долгот кој таа го има кон најголемиот доверител УЈП е 150 милиони денари, што е 90 отсто од севкупниот долг. Собранието на доверители на АД Велеспром во стечај ќе се одржи на 28 март до кој период имаат можност сите доверители да ги поднесат нивните побарувања кон фирмата, но и обврска на должниците кон Велеспром , кои ги има, даги платат нивните долгови.
Во овој период од два месеци ќе се испитува има ли имот АД Велеспром во стечај, кој во моментот на отворањето имал тројца вработени. Најавеното рочиште за отворање на стечај во АД Киро Ќучук и Керамика Нова не се одржа и е презакажано за првата декада на февруари.
Tweet |