речник контакт

Стечајци од Лозар не можат да добијат месечен надоместок

Причина се неплатените придонеси иако таму работеле со години и имаат повеќе од 25 години стаж заверен во работна книшка

Петар Печков

Повеќе од стотина поранешни работници на велешкиот Агрокомбинат Лозар не можат да добијат стечаен надоместок по новиот Закон, оти претходно не  им се платени придонесите за ПИОМ. Заглавени во административниот лавиринт дел од нив се собраа и протестираа пред велешкиот суд, надевајќи се дека правдата сепак ќе биде достижна .

Дел од  моите колеги добија стечаен надоместок но мене не ме фаќа за цели три дена. Имам 24 години стаж, 11 месеци и 28 дена. Тоа е според Фондот иако во мојата работна книшка имам  27 години стаж, заверени со печат.  Не се платени па јас не можам да бидам опфатен со новиот Закон. Каде се загубени овие 24 месеци никој не може да ми  каже, се  шетам од врата до врата а чаре нема. Згора на тоа  иако сите години ги минав како работник во Оранжерии во Чашка, мене административно ме префрлиле последните години од работата во  земјоделие Чашка, без да ми кажат и знам. Ете и тоа се случува – вели   Николов Благој поранешен вработен во АД Лозар.

Слична судбина имаат и други негови колеги, кои се надеваа дека со новиот Закон ќе добијат паричен надомест. Но ништо од тоа, заглавени во административните проблеми тие се и натаму без средства за живот.

Во Лозар работам 30 години, платен ми е стаж само за 21 година а каде се другите. Заминав од  РЕ Агро сервис . Ние сме триесетина луѓе  и ништо не сме добиле по толку години, а имотот го нема, трактори, автобуси. Баравме информации за нашата работна единица но никој не може да се снајде во документацијата. Бевме и во судот, но бадијата, решение нема. Знам дека ни следи но нема човек што може да го разреши нашиот проблем  - вели Зоран Лазарков поранешен вработен во АД Лозар Агро сервис.

Поради правните и административни проблеми дел од  некогашните 1.150 вработени во Лозар не можат да го остварат правото на месечен стечаен надоместок.        

Велес е Бермудски триаголник на општествена трансформација. Случајот на Лозар е посебно болен оти имаше многу вработени. Од 15 стечаи, еден ниту по 9 години не е завршен. Тоа е тој за Агро сервисот па луѓето не можат да заминат во пензија, да добијат  месечен  надомест. Во Лозар има скриена стечајна маса вредна 15 милиони евра. Надлежните треба да се позабават со ова и да испитаат каде тој заврши, каде се парите. Тоа е системот за наводнување,  продавниците,  земјоделско земјиште 1,6 илјади ха  сопственост на вработените. Сите тие се отуѓени – вели Томо Крстиќ поранешен вработен во Лозар.  

Примерот на Алексо Гоговски стечаец од Градежното претпријатие Бетон  е илустративен  за  толкувањето на законот. Кога фирмата заминала во стечај во 2005-та побарале стечаен надоместок и биле одбиени со образложение биле приватно претпријатие, за сега со новиот Закон од 2014-та да им се  признае правото на месечен надоместок фирмата била сепак државна. Тој и неговите колеги поради ова  ќе поднесат тужба за исплата на надомест за изминатите осум години оти им било скратено првото на надомест , кој подоцна сепак го добиле.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »