речник контакт

Стечајците, синдикатот ги остави на улица

Здружението на стечајни работници и технолошки вишок СТРАВ од Велес остана без простории за работа откако Сојузот на синдикатите им наредил да си заминат поради неплатени сметки.

Петар Печков

Така околу 1,500 членови останаа на улица, без место каде ќе можат да се сретнуваат и да се договараат на нивните натамошни активности.

Чудно е што Синдикатот кој треба да се грижи за работниците, тоа во пракса не го прави. Ние како поранешни вработени кои со години сме плаќале членарина сега сме на улица. Згора на тоа со наши пари е градена и оваа зграда. Имавме устен договор со градоначалникот на Велес и синдикатот дека општината ќе ја плаќа киријата во висина од 2,5 илјади денари, но зошто таа не платила за два месеци не знам – изјави Томо Крстиќ претседател на здружението СТРАВ.

Од велешкиот синдикат велат дека  просторот им е потребен бидејќи за истиот имало заинтересирано други лица кои сакале да го изнајмат.

Просторијата во која работеше ова здружение нема никаков писмен договор за користење, ниту општината плаќала досега за нив. Поради ова побаравме да се исселат. Дали секој што ќе побара од било кое здружение ќе може бесплатно да го користи просторот кај нас е во ред, како тогаш ние ќе работиме и живееме – изјави Себо Шаќиров претседател на велешкиот синдикат.

Од општина Велес објаснуваат дека во разговорот со стечајците од Велес им било даден период од година и половина, за кое време  им е обезбедено времено сместување по кое требало да најдат простор каде ќе продолжат да  работат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »