Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 ноември 2012
Седумнаесеттата генерација на војници доброволци на АРМ е неколку дена во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман. Тоа се 263 војника што е досега најголема бројка. Досега тоа беше јулската годинашна класа со 254 војници. Од последната класа на доброволци само две се девојки. Заклетвата е закажана за в петок 9-ти ноември.
Оваа бројка на пристигнати војници доброволци го потврдува фактот дека меѓу младите владее голем интерес за служење на војниот рок во АРМ.
Tweet |