речник контакт

Сто години Транссибирска железница (фото)

Минува низ осум временски зони, а од главниот град до Владивосток патниците минуваат 9288 километри

Петар Печков

Веројатно најкултното и најпрепознатливо патување со воз е она на линијата помеѓу Москва и крајниот исток на Русија, односно со популарната Транссибирска железница, чија последна делница е заокружена пред точно сто години. Железницата е пуштена во сообраќај во октомври 1916 година.

Минува низ осум временски зони, а од главниот град до Владивосток патниците минуваат 9288 километри. На одделни места железницата се рачва со линии кои стигнуваат до Монголија и Кина. Многу патници ја одбираат рутата низ Монголија до Пекинг, а оваа линија уште е позната како Трансмонголска линија која е завршена и пуштена во сообраќај во 1950 година.

По замисла на царот Александар III, градењето на железницата почнало во 1891 година и симултано продолжило сè до комплетирањето на целата нејзина должина, притоа поврзувајќи и дел од Манџурија.

Била завршена во 1904 година, но заканата за јапонско преземање на Манџурија ги присилила градителите да изградат паралелна траса во рамките на Руската територија, која била завршена во 1916 година.

Пругата ги направила достапни големите пространства на Сибир, кои на тој начин можеле полесно да се населуваат и индустријализираат, особено по пат на стимулирање на изградбата на бројни помошни железнички линии, кои требало да ги поврзат далечните области со главната траса. Комплетното патување трае околу 8 дена.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »