Петар Печков
Објавено: сабота, 17 ноември 2018
Во домашниот албум на велешко семејство посебно место зазема свадбената фотографија стара точно еден век. Или направена есента во октомври 1918-та но интересна е нејзината историја. Свадбата на нивните родители се поклопува со крајот на Првата светска војна.
Татко ми и мајка ми црковно се регистрирале во октомври 1918-тата година. Бракот бил склопен во црквата Св. Пантелејмон. Интересно е што тогаш низ Велес на минување бил германски фотограф, кој сакал да го овековечи штотуку ослободениот регион по Првата светска војна. Кога бил во црквата и ги видел младенците, прашал дали може да ги фотографира, тие се согласиле. Направил повеќе фотографии и заминал. Кратко кажал дека по некое време ќе им ги прати по пошта. Минала половина година, и пролетта 1919-та на адресата на младенците стигнала пратка со фотографии и една голема во димензии метар на 40 см. раскажа нивниот син Живко.
Тие слики се семеен спомен за склопениот брак на Петре и Васа Печкови и еден век од крајот на Првата Светска војна. Патем Велес во Првата Светска војна бил ослободен од германскиот и бугарскиот окупатор на 27 септември 1918 година.
Tweet |