Петар Печков
Објавено: петок, 19 декември 2008
Стогодишнината од раѓањето на поетот и револуционерот Кочо Солев Рацин во неговиот роден Велес беше одбележана со мултимедијален проект составен од повеќе сегменти и положување на цвеќе на неговиот споменик во центарот на градот. Бројни гости, писатели, академици, министерката за култура,од Скопје до Велес стигнаа со филмскиот воз, кој доснеше 30 минути. Оранизаторот на свеченоста, академијата ЕСРА и Јордан Плевнеш велат дека ова е мал гест за големото дело на Рацин.
- Рацин е великан на македонскиот пишан збор, прв наш автор објавен во плејадата на УНЕСКО, затоа сакаме неговото дело да влезе во сите во сите книжевни и духовни европски и светски трезори. За време на неговито живот ,, Бели мугри ,, стигнала до Конгресната библиотека во Вашингтон, стиховите се читале преку брановите на Радио Лондон и радио Москва. Неговиот дух вечно ќе живее, бидејќи тој е вечно млад во меѓународната книжевност и тој е наш идентитет - изјави Плевнеш. Гостите ја разгледаа родната куќа на поетот Рацин, Рацин каде што амбасадорот на УНЕСКО Јордан Плевнеш вдахновено го прочита неговиот текст “Писмо на Рацин до Македонија”. Пред бројните присутни гости, таму се обрати и маестро Борис Трајанов, кој посочи дека Рацин е човек кој знаел да плаче за својот народ.
- Тој и денес е голем поет, бидејќи со својата општествена ангажираност покажал дека освен неговата уметност, тој бил голем човек, бидејќи ја сочувстувал болката на својот народ - изјави Борис Трајанов. МАНУ и Друштвото на писателите на Македонија за овој ден, во возот, за прв пат претставија фотографии и документи од и за Рацин кои досега не се објавувани. Стогодишнината од раѓањето на поетот е важен темелник во националната историја порача градоначалникот на Велес.
- Стихозбирката „Бели мугри“ е мала според големината, но огромна според естетското, културното, литературното, национално значење. Рацин пак е наш најголем автор меѓу живите и починатите поети на сите времиња а тој е знак, распознавање за неговиот роден град Велес – изјави градоначалникот Аце Коцевски. Велес оваа 2008-ма ја прогласи за Година на Рацин а вчерашната свеченост на 100 годишнианта од неговото раѓање беше дел од одбележувањето на “Година на македонскиот јазик”, Министерката за култура вели дека ова е празник за цела Македонија.
- Овој ден не значаен само за Велес, туку за Македонија, бидјеќи тоа е јубилеј за авторот, великан кој остави огромен белег во македонското книжевно творештво, но и во пошироко рамки. Овака се навраќаме и потсетуваме на историјата и времето кога твореше Кочо Рацин – изјави министерката Елизабета Канчевска Милевска. На свеченостие присуствуваше и најмалиот брат на Кочо, Александар кој ги потврди информациите дека Кочо Солев е роден на 22 декември 1908 година и за тоа биле информирани од академик Александар Спасов а имало и писмен документ од велешкиот архив кој го добиле од Славчо Николов.
Годинава се одбележуваат 100 години од раѓањето, 65 години од смртта на поетот Кочо Солев Рацин, кој со неговиот пишан збор ги создаваше вредностите на македонската национална култура, кога таа беше одрекувана и забранувана. Тој постојано го афирмираше македонскиот збор и анрод, како наш идентитет и зад себе остави разновиден но не многуброен опус, само „Бели Мугри“ објавена 1939-та во Самобор Хрватска прва стихозбирка на македонски јазик. Тој на македонската историја и остави скапоцени студии за богомилското движење, незавршен роман „Афион“, поемата „Јане Сандански“, збирката на песни,, Антологија на болката,, посветена на неговата муза Рахилка Фирфова. Застрелан е 13 јуни 1943 година на Лопушник како партизан, официјално поради невнимание, додека дел од јавноста смета дека бил убиен.

Tweet |