речник контакт

Стоматолошките прегледи за првачињата веќе започнаа (видео)

Во тек се и систематските прегледи со ревакцина, како и офтамолошките прегледи на децата родени 2018, кои од есен ќе оддат на училиште

Петар Печков

Од средината на мај, започнаа систематските  прегледи во Детска стоматолошка превентива (видео #mce_temp_url#Тие се во рамките на задолжителните систематски стоматолошки прегледи за идните првоодделенци. 

„Во текот на месец мај и јуни вршиме стоматолошки систематски прегледи на децата родени 2018 година а кои од есен ќе тргнат на училиште во прво одделение. Се врши преглед на забчињата на децата, вршиме и залевање на првите трајни катници, се разбира доколку се целосно изникнати. Дополнително вршиме едукација на дечињата за правилно одржување на дентална хигиена, правилно четање на забите наутро и навечер, практикување на здрав начин на исхрана- овошје , зеленчук, да се избегнува земање на храна која содржи гоелмо количество нa шеќери, како и редовна посета на стоматолог“- кажа д-р Анита Солева стоматолог од амбулантата за Детска стоматолошка превентива, која работи во рамките на ЈЗУ Здравствен дом Велес.   

Досега се пријавиле за преглед родители на околу 400 деца, но тоа не била конечна бројка, оти се очeкува и други, чии родители тоа не го сториле. Бројот за контакт е оставен во службите во сите основни училишта во општината и во градинките, како и  во соседните Градско и Чашка, за чии деца исто така во оваа амбуланта се вршaт систематски прегледи.   Докторката обjаснува декa децата немааат страв, не се плашат од стоматолог, иако повеќето доаѓаат прв пат. На прашањето каква е состојбата на забите од децата, д-р Солева вели дека е лоша а евидентно било децата сакаат да јадат чоколадо.

 „Потребно е да се променат лошите навики кај децата,  да се намали конзумирањето на чоколада, но да не бидат нагли промени“ – дополни д-р Солева.

 Но освен  систематските прегледи на децата кои на есен ќе бидат првачиња, се вршат и систематски прегледи на основците, новина која е обврска последните десетина години.

„Вршиме редовни сисематски прегледи како и залевење на трајните катници, на децата кои овие заби им пораснале подоцна, откако беа на систематски за прво одделение“ – објасни д-р Солева. 

 Истовремено во Училишна превентива, од почетокот на оваа седмица започнаа систематските прегледи за децата родени 2018, кои од есен се првачиња. Досега се прегелдани стотина деца а се очекува вкупниот број да биде 700 и тие да бидат прегледани до крајот на јуни. Децата се покануваат со писмено известување.  Со систематскиот преглед секое дете се ревакцинира со МРП, против ситна сипаница, заушки и рубеола. Неа децата ја имаат добиено на 12 месечна возраст, сега и втората доза, што е услов за упис во прво одделение, за што добиваат писмена потврда.

Децата родени 2018-та кои од есен ќе започнат да одат на училиште ќе треба да бидат прегледан и од очен лекар. Потребно е родителите  да закажат преглед за детето  преку матичен доктор во „мој термин“.  Прегледите се извршуваат во просторијата наменета за  очен преглед на првачиња,  во Општа Болница Велес и веќе се во тек.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »