Петар Печков
Објавено: среда, 14 јануари 2009
Нестабилниот курс на американскиот долар а не глобалната финансиска криза ја стопираше изградбата на првата Хабитат населба наменета за семејства со ниски приходи во земјата, чии што темели беа удрени во октомври месец во Велес. Од инвеститорот, Хабитат Македонија уверуваат дека не е доведена во прашање инвестицијата вредна 2,7 милиони евра и дека тие ќе ја реализираат, по што стотина велешки семејства ќе добијат евтин кров над главата. Иако беше најавено дека најдоцна до крајот на минатата година ќе се распише конкурсот за доделување на становите, тоа не се случи.
- Финансирањето на населбата е базирано на американски извори и соодветно на тоа идните сопственици треба да се задолжат со поволни кредити, врзани за американскиот долар. Долгорочно задолжување во американски долари во услови на негов неповолен курс претставува голем ризик, со оглед дека нашата локална валута, денарот, и примањата на нашите семејства се поврзани со еврото – изјави Зоран Костов, национален директор на Хабитат во Македонија. Според него иако звучи парадоксално, одлагањето на распишувањето на конкурсот е во интерес на идните сопственици на становите и не е директно поврзано со глобалната финансиска криза туку со нестабилниот курс на американскиот долар - тренд што е започнат пред почетокот на кризата. За него прашање е колку изградените станови ќе бидат достапни, во финансиска смисла, за целната група која е претходно дефинирана, семејства со приходи пониски од 75% од Бруто националниот приход по жител во Македонија, односно на каков ризик ќе бидат изложени тие во случај на уште понеповолни финансиски трендови во светот.
- Градежните работи ќе продолжат со почетокот на градежната сезона, во зависност од временските услови, веројатно во текот на првата половина на март. Конкурсот пак за идните сопстеници ќе биде објавен во моментот кога Хабитат Македонија ќе оцени дека за нив е обезбеден кредитен аранжман кој ќе ја штити, а не загрозува нивната социјална положба – најавува Костов и очекува тоа да се случи во наредните два месеци. На површина од 4.700 квадратни метри, во населбата Тунел 2 во Велес, во следните три години беше најавено на поставувањето на камен темелникот, дека ќе бидат изградени 11 објекти со вкупно 90 дома. Во првата година е планирано да се изградат 24 станови а просечната површина на еден дом изнесува 52 квадратни метри.

Tweet |