Петар Печков
Објавено: вторник, 20 март 2012
Општината ги повлече огласите за продажба на земјиште кое е наменето за изградба на Бензиски пумпи. Едниот плац беше покрај автопатот Скопје - Велес на паркингот кај Ветерско а втората на магистралниот пат Велес- Штип кај село Челошово.
Причината според надлежните е што во првиот случај локацијата не е исчистена од претходно изградени објекти, кои сеутше таму постојат. Во вториот случај поради тоа што опишаните катастарски парцели во објавата не соодветствуваат со податоците од катастарската евиденција. Кога оваие недостатоци ќе се отстранат, ќе продолжи постапката за продажба на овие две парцели.
Tweet |