Петар Печков
Објавено: недела, 02 февруари 2020
Велес под опсада се бара сторителот на делото, кога претпладнево е застрелан полициски службеник. На излезете од градот, полицијата ги контролира автомобили кои го напуштаат Велес, службени возила патролираат по улиците.
Тројца од напаѓачите се приведени во полициска станица Велес . Сторителот на ова дело се наоѓа во бегство и се трага по него - изјави Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Неофицијалните информации говорат дека тројцата од учесниците се браќа, а осомничениот за пукањето е лице кои е регистриран како сторител на кривични дела, за што има лежено и затвор.
Полицискиот службеник Е. М (46 год) се здобил со четири огнострелни рани во пределот на абдоменот, бил примен во велешката Болница и препратен на клиниката за дигестивна хирургија, во стабилна состојба и вон животна опасност.
Во зависност од потребата и состојбата ќе се одлучи дали ќе има хируршка интервенција или лекувањето ќе продолжи конзервативно - изјави д-р Алберт Леши од Торакална хирургија.
За потсетување претпладнево во вооружен инцидент близу црквата Св. Спас, застрелан е полицаец кој бил на должност. Околу 10 часот близу градските гробишта, полициски службеници при преземање на службени дејствија биле физички нападнати од четири лица. едното од нив му го одзело службениот пиштол на Е.М. и пукал во него.
На претпладневниот настан реагираше и Македонскиот полициски синдикат по вчерашниот напад на двајца полициски службеници во Скопје и денешниот во кој во беше застрелан полицаец во Велес.
Како синдикат сметаме дека ова е единствениот начин каде можеме да бидеме сигурни дека во случај на напад врз полициски службеник, институциите ќе реагираат брзо и ефикасно сторителите да бидат најстрого санкционирани, стои во реакцијата.
Tweet |