Петар Печков
Објавено: среда, 16 септември 2009
Стотина некогашни вработени, членови на Здрушението СТРАВ, кратена од стечајци, технолошки вишок, акционери од Велес, сега социјални случаи, протестираа пред вратите на Основниот суд барајќи правда, размен рок за судење и завршување на стечајните постапки. Сите тие се разочарани од системот и државата кои дозволиле иако голем дел од животот минале како вработени, на крајот да останат на улица, во борба за гол живот.
- Во Велес имаме осум илјади невработени од повеќе фирми кои отидоа во стечај. Овој процес започна во 2002-та и за жал засега заврши во само во 3-4, сите други се прекршија на грбот на работникот. Интернационал, Велеспром, Бетон, Транс Велес, Лозар, Порцеланка, Нокатекс се пример на неуспешна и долга транзиција. Пари за стечајните управници има а за некогашните работници нема. Нема ни документација дека тие работеле, дека им се плаќале придонесите. Се отиде во ветер а за никого не е побарана одговорност зошто работниците останаа со празни раце на улица. Многу луѓе во градот трпат поради неажурноста на судот – вели Томо Крстиќ, претседател на здружението СТРАВ. Меѓу присутните бројни луѓе од некогашната средна класа, кои сега се борат за гола егзистенција, бидјеќи и двајцата сопружници се избркани од работа од иста или од различни фирми. Таков е случајот со семејството Јусуфови.
- Ме избркаа од работа како технолошки вишок а на мое место примија друга жена. Додека бевме млади им требавме сега метлата по нас. Го избркаа од работа и сопругот од Киро Ќучук, сега и двајцата дома со две илајди денари, со по 30 години стаж а без пензија – низ солзи објаснува Фиркија Јусуфова, некогашна вработена во Ветекс. Таа често е во судот но како тужена, поради неплтени сметки за вода и струја. За правдата која ја добиле на суд се жалеа вработинте во Маслодајна и Киро Ќучук. Повеќе стотина некогашни вработени од овие две фирми не можат да разберат како за ист случај има различни пресуди.
- Нас не има повеќе стотина технолошки вишок од овие две друштва кои правдата ја побаравме пред судот. Бидјеќи станува збор за многу предмети, тие се поделени на повеќемина судии. И замислете еден судија досудува во наша корист а друг во корист на фирмата. Како е ова можно кога се работи за идентични случаи – велат некогашните вработени во ове две фирми. Проблеми имаат и акционерите од ове две друштва кои никако да го решат правото на сопственост на нивните акции.
- Ги дадовме акциите на управување на директорот Камчев а не добивме никаков документ дека сме ги дале. Сега сум без акции, без работа, без плата. Во судот никако да започне постапката за ова кривично дело, измама – вели Амди Махмудовски од АД Киро Ќучук.. Идентична е состојбата и со дваесетината акционери во Маслодајна кои уште од 2004-та ја бараат правдата за неплатените акции но процесот никако да заврши. Наспроти ова бројот на измамени акционери кои тужат се намалува, бидејќи немале пари да даваат за судски трошоци. Без плата се повеќе од 300 некогашни вработени во АД Транс Велес за период од пет години, од 2002-ра до 2007-ма година, кои не веруваат дека стечајот во фирмата наскоро ќе заврши а тие ќе добијата некој денар. По пет години од отварањето на стечај во АД Лозар, пред некој ден две од 15-те друштва, Малопродажба и Оранжерии го сопреле стечајот, бидјеќи дури сега се констатирало дека тие немаат имот. За тоа време 50-тина некогашни вработени едвај преживуваат, бидејќи пари за нив нема и се чудат како тоа по толку време се дознало дека ове две друштва немаат имот.

Tweet |