Петар Печков
Објавено: среда, 23 декември 2020
Волонтерите на Општинскиот Црвен крст од Велес извршија поделба на стотина пакети за семејства и лица кои живеат во социјален ризик. Истите се донација од Фондацијата институт отворено општество Македонија, а се однесуваат на помош за граѓаните од ромската популација.
Донацијата вкупно содржи 100 пакети со средства за хигиена. Таа е поделена во месноста Поток, Тунел, Варналиеви, Прцорек. Освен овде хуманитарни пакети добија и дел од жителите на Рамина и Кумсал - кажа Орце Николов секретар на ОО на Црвен Крст Велес.
Tweet |