Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 јуни 2023
Стотина планинари од десетина македонски града, вчера пешачеа во чест на Рацин. Од 9 до 16 часот тие одеа по патеките на Копачијата од кичевско село Извор до Лопушник.
Така му оддадоа почит на бесмртниот Рацин. Овој настан беше дел од манифестацијата „Рацинови средби“ која по 60 пат се одржува деновиве.
„Годинава одевме по подолга патека, околу 15 км и затоа стигнавме горе околу 16ч. Ова е наш дел од поклонот на делото на поетот и револуционер Кочо Солев“ - кажа Даниела Јовановиќ од ЗГ „Зелена сила“ која беше организатор.
Имало учесници од Битола, Прилеп, Кичево, Куманово, Скопје, Сирково, Росоман, Градско и 30тина од Велес.
Дел од нив положиле цвеќе на споменикот на врвот а други долу, на местото каде е застрелан Рацин.
Tweet |