Петар Печков
Објавено: среда, 28 мај 2008
Стотици патници во неделата навечер останаа на железничките станици од Богомила до Зелениково бидејќи возот кој сообраќал на линијата Битола –Скопје бил со намален број вагони а преполн со патници.
Кога возот стигна во Богомила во 20,30 часот, не можевме да се качиме во него. Залудни беа нашите напори, бидејќи патниците од внатре не дозволуваа да се качиме, толку беа преполни вагоните. Вообичаено овој воз имаше по 3-4 патнички коли а овој пат само две. Иако имавме повратен билет за Велес, не можевме да го искористиме а веќе беше ноќ – велат патници кои требало да одат за Скопје. Така било се Зелениково. Некои од патниците преспале на малите станици, велат сами во пустелија, додека тие што биле при пари најмувале такси. Според нив ова било поради тоа што тој ден, во неделата ЈП Македонски Железници обезбедил вонредни возови на линијат Битола-Скопје и назад за потебите на предизобрен митинг на една од политичките партии. Од МЖ потврдуваат дека имале такви композиции, но дека тоа е во согласност со Статутот им се извинија на патниците за проблемите.
Во неделата имавме вонреден комерцијален превоз, што е во согласност со нашите акти. Возот 4904 Битола-Скопје според нашите анализи на број на патници требаше да има три вагона, со колку коли попладнето замина до Скопје. За жал едната се расипала, така што назад од Битола се враќал со два вагона – изјавија од ЈП МЖ Транспорт.

Tweet |