Петар Печков
Објавено: петок, 01 март 2019
Ниската откупна цена на јагнето жива мерка од 130 за втора до 140 денари килограм за прва класа, го собра дел сточарите на собир во Чашка. Здружението ,,Агро центар,, на едно место собра сточари, кои имаат еден ама крупен проблем, откупот на живото јагне. Тие му се пожалија на министерот за змејоделие Љупчо Николовски, кој дојде со сите директори од Агенциите кои се поврзани со земјоделието. Овчарите се посочија дека цената претходните години стигнуваше и до 200 денари за жива мера, последните три е мошне ниска и затоа бараат субвенции.
Јагнето се откупува од 130 до 140 денари тоа е ниска откупна цена и состојбата е алармантната. Министерството пресмета дека производната цена на јагнето е 186 денари. Затоа бараме разликата од откупната до производната да ја субвенционира државата. Јагнешкото во месарница е 320 денари за кг. колку што беше и кога ни го откупуваа за 210 денари и за 100 денари. Каде оди толкава разлика, кај сточарите сигурно не - рече Митко Јанков од Здружението ,,Агро центар,,.
Идентичен беше став на сточарите од Овчеполието, од Повардарието, кои допатуваа во Чашка на овој состанок со министерот и повеќе директори на државни агенции. Но овчарите не слушнаа ништо ветувачки и што би ги охрабрило.
Со директорот на Платежната агенција ќе видам каква е состојбата со средства, ќе ја скенираме состојбата - кратко кажа министерот Николовски за тоа што го очекуваа сточарите. Но затоа на долго зборуваше за што што сработиле и каква состојба во земјоделието нашле. Вети дека се работи на решавање не електрификација на трлата и изградба на пристапни патишта до нив.
Како алтернативно решение одледувачите на јагниња кажаа дека имаат потенцијален купувач од Турција, кои би откупил околу 100 илјади живи јагниња. Или половината од тоа што го има во земјава. Но и тука не добија убава вест.Во Македонија сеуште има бруцелоза кај овците, што го оневозможува извозот.
Кога се извезува живо животно има одредени стандарди. Сите земји се штитат од одредени болести. Во Македонија сеуште има бруцелоза кај овците, во 2017-та 450 во 2018-та 340 случаи. Ниту една земја не сака да ризикува и да прима или преку неа се траспортира жива стока, од земја каде ја има бруцелозата - рече Зоран Атанасов директор на Агенцијата за храна и ветерина. Сточарите најавија и порадикални мерки, како пред две години кога ги блокираа патишата, ако не добијат субвенции.
Tweet |