Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 јануари 2026
Младиот Стојан Илчевски од Велес, од Варналиите, годинава беше најумешен и го фати крстот на Водици во Велес, во надојдената река Ваардар и на минусна температура на воздухот. По крстот овој пат скокнаа стотина пред се млади лица.
„Два пати бев блиску до крстот од три пати колку што скокав претходно и годинава од четвртиот обид успеав. Се зареков првиот пат кога скокнав дека ќе скокам десет години. Им посакувам на сите здравје, мир, бериќет во домовите“ - порача Илчевски.
Кум на годинашната манифестација беше пратеникот Александар Јамалов со неговото семејство кој даруваше златен крст, Стојан го даруваа и Повардарската епархија со Библија и златно крвче, вредносен ваучер подарија градоначалникое Марко Колев во името на Општина Велес, Горан Наунчев и Ване Маневски како директори на ЈКП Дервен и ЈВП Лисиче, Башино гас ваучер од илјада евра, аптеките Зегин, ове две фирми ги облекоа сите 97 пријавени лица за фрлање по крстот, како и други донатори. Зографот Велче Свеќаров му подари иокона со мотив Богохавление на Илчевски. Тој во следните 40 дена има можност да ги посетува домовите на велешани кои ќе го даруваат.
Следната година кумови ќе биде семејството Мартулкови.
„Браќа и сестри, Бог нека го чува нашиот град, нашата татковина, нека дарува многу радост, ммногу среќа, многу бериќет, во нашите семејства и во државата“ – посака Влатко Стоименов, секретар на Повардарската Епархија на МПЦ – Охридска Архиепископија.
Претходно празникот на Богојавлението во Велес, започна со света Божествена Литургија во храмот „Свети Спас“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски владиката Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес. По завршувањето на Литургијата беше формирана Литија до Мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше положен чесниот и животворен крст.
Дежурната екипа на Итната помош кажа дека немале интеревнеции. Затоа едно лице кои скокна по крстот, побара помош од екипата на „Македонски спасител“ и тоа беше извлечено од водата на Вардар, кај Стар мост.
| Tweet |
















