Петар Печков
Објавено: четврток, 18 ноември 2021
Конституиран е новиот совет на општина Лозово. За претседател е избран Стојан Пешевски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова за Македонија.
„Ја прифаќам одговорноста за ова позиција, во интерес на жителите на општина Лозово“ - порача Пешевски.
Советот брои девет членови, по три од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ - Стојан Пешевски, Орданчо Вучковски, Елена Илиевска,тројца на СДСМ - Дејан Стоименовски, Александар Саздовска и Дејан Боризов и по еден од ТМРО- Зоран Иванов, од ЛДП-ДОМ - Сузана Јовановска Илиева и носителот од независната листа Владе Миланов. За Пешевски гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ, од ТМРО и независниот Миланов.
Tweet |