речник контакт

Стојановски го доби уверението за уште еден мандат за градоначалник на Општина Чашка

Врачени се уверенијата и на 11-те членови на Советот

Петар Печков

Општинската изборна комисија -Чашка врз основа на конечните резултати од спроведените Локални избори 2021 ги додели Уверенијата за Градоначалник и членови на Советот на Општина Чашка.

Уверение за Градоначалник на Општина Чашка беше доделено на Горан Стојановски од коалицијата предводена од СДСМ ,,Најдоброто за мојата општина,, кој освои   56,07% од гласовите, додека вториот кандидат Суат Шаќиров  од ДУИ освои 41,78%. Во оваа општина од запишани 6.171 гласач, на 31 избирачко место  излегле  67,25 отсто.

„Посакувам успешна и плодна работа, која ќе резултира со подобрување на животот на граѓаните“ - порача во првата изјава Горан Стојановски, кој и досега беше градоначалник на Општина Чашка, па немаше потреба од вообичаеното примопредавање на функцијата.  

Уверенија им беа доделени на 11 советници:

-четворица членови на совет од коалицијата предводена од СДСМ ,,Најдоброто за мојата општина - Доан Шабановски, Драгица Драскачева, Рушит Садиков, Николче Богоевски

-четворица  членови на совет од коалицијата ,,Сите заедно“ -ДУИ, Алијанса и Алтернатива- Халит Фератов, Аферим Зеќири, Фикрете Ахмети, Ибраим Исмаиловски

-тројца  членови на совет од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ,,Обнова на Македонија,, Трајче Мишковски, Асан Билевски, Билјана Арсовска Ѓурчиновска. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »