Петар Печков
Објавено: четврток, 10 мај 2018
Левото крило Зоран Стојановски со 15 гола му донесе радост и победа за опстанок на ГРК Борец во Супер лигата. Велешани славеа во Прилеп против истоимената екипа, директен конкурент да се избегне баражот за опстакон во најквалитетното друштво. Во 13-тото коло како гостин ГРК Борец победи против Прилеп 2010 со 27:36 (14:19). Домаќинот во водство бил до средината на првото полувреме а потоа се е во знакот на гостите. Со овие три бода Борец му избега на последниот за пет бодови, има 18 а Прилеп 13 и е втор во оваа мини лига каде се игра за опстанок. Освен Стојановски со 15 гола, по пет кај велешани постигнаа Мачавелов и Николов. Во следното коло дома во салата Гемиџии Борец го пречекува Металург 2, кој е 4-ти со 14 бода. Претходно велешани го одиграа и четврфиналниот куп натпревар со Металург јуниор, кој е член на Прва лига, се играше во Скопје и Борец со младински состав загуби со 29:31 ( 13:21) но очигледно ги чуваше силите за првенствениот натпревар со РК Прилеп, бидејќи победникот од куп средбата играше со европскиот првак Вардар а Металург јуниор загуби со 53:17.
Фудбалерите на ФК Борец оптимистички го пречекуваат саботното дерби против првакот Беласица, кое се игра на Градски во 16.30ч. Само со победа велешани остануваат во игра за второто место и баражот кој води во Прва. По неделниот пораз во Штип од Брегалница, по што штипјани сега се втори, Борец моpа да победи на двете преостанати средби а во последното коло во Струмица, на штипјани им е потребна победа, со нерешено Борец е втор.
Иако со десет играчи игравме дури 80- минути ги надигравме штипјани дома, но не успеавме од бројните шанси да постигнеме гол. Затоа ќе сториме се в сабтоа да славиме, иако Беласица е фаворит, за да стигнеме до второто место. Имаме млада екипа, која има квалитет за победа- рече Ане Темелков тренер во екипата. Ги повика навивачите, публиакта да дојдат во голем број и дадат поддршка за велешкиот второлигаш.
Се одигра 23-тото коло од Третата лига Центар. Во дербито во Превалец домаќинот загуби од лидерот ФК Партизан од Обршани со 1:2. Илинден од Башино село загуби со 3:1 од 12-тата Слога во прилепско Лажани. Натпреварот во Ваташа помеѓу Габер и Бабуна не се одигра, бидејќи домаќините ги немаат платено давачките кон Лигата па натпреварот ќе биде регистриран со службен резултат за мартолчани. ФК Бабуна и ФК Превалец остануваат на 3-то и 4-то место со по 43 односно 42 бода а Илинден БС е последен со осум. Во следното коло велешко дерби без значење Илиден во Башино село ја пречекува Бабуна а Превалец гостува во Големо Коњари на истоимената екипа која е седма со 34 бода.
Во 12-тото коло на Општинската фудбалска лига, во дербито ФК Мартолци кој е трет и ФК Тополка одиграа нерешено 1:1. Со овој резултат на две кола пред крајот ФК Тополка останува останува на првото место а домаќинот со победа ќе беше лидер. Но Башкими со трите бода на зелена маса против ФК Интернационал кој не отпатува на оваа средба се изедначи со ФК Тополка и имаат по 26 бода. ФК Согле стигна до прва победа, додуша на зелена маса, службено откако ФК Горски не допатува во Чашка.
Резултати 12 коло:
ФК Мартолци - ФК Тополка 1:1
ФК Согле - ФК Горски 3:0
ФК Башкими - ФК Интернационал 3:0
ФК Форца Нова - ФК Младост 4:2
Т А Б Е Л А
1. ФК ТОПОЛКА 12 8 2 2 43: 18 26
2. ФК БАШКИМИ 2008 12 8 2 2 27: 9 26
3. ФК МАРТОЛЦИ 2007 12 7 6 2 36: 22 24
4. ФК ИНТЕРНАЦИОНАЛ 12 5 4 3 29: 31 19
5. ФК ГОРСКИ 12 3 4 5 15: 15 13
6. ФК ФОРЦА НОВА 12 4 1 7 28:32 13
7. ФК МЛАДОСТ 12 2 4 6 13:20 10
8. ФК СОГЛЕ 12 1 0 11 18:59 3
во следното 13 претпоследно коло играат:
ФК Форца Нова - ФК Мартолци 2007
ФК Младост - ФК Башкими 2008
ФК Интернационал - ФК Согле
ФК Тополка - ФК Горски
Tweet |