Петар Печков
Објавено: четврток, 12 октомври 2017
Да не беше кампањата на Аце Коцевски, денеска во Велес ќе имаше кружен тек кај Панини, во Башино село ќе беше поставен мостот, а изградбата на затворениот градски пазар ќе беше започната.
Ова го призна самиот Аце Коцевски на неговото интервју на ТВ Нова. Тој призна дека СДСМ преку централната власт свесно ги блокира овие проекти.
За ниски политички потреби на Аце Коцевски се блокира Велешани да добијат нормално одвивање на сообраќајот кај Панини, жителите на Башино село да добијат безбеден пристап до гробиштата и граѓаните и пазарџиите да добијат модерен градски пазар.
Социјалдемократскиот сојуз мисли дека блокирајќи ги овие проекти ќе успеат да надокнадат за се она што Коцевски не го направи додека 9 години беше градоначалник. Господа од власта на СДСМ, вие треба да разберете дека животот на Велешани е поважен од кариерата на вечниот кандидат за градоначалник Аце Коцевски.
Но исто така вие треба да разберете и дека вашите нечесни игри ги прочитаа велешани. Нашиот град нема да биде заложник на кариерата на политичари од минатото. Велес ќе продолжи да оди напред – изјави Каролина Стојкова, кандидат од листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ
Tweet |