речник контакт

Странци ги оживуваат фреските и мозаиците од Стоби

14 девојки од повеќе држави Велика Британија, САД, Шпанија, Јапонија,Канада работат деновиве во локалитетот Стоби

Петар Печков

Неколку лета наназад  на археолошкиот локалитет  Стоби се одржуваат и работилници за странци, кои  работат на конзервации. Така и на почетокот од јуни дојде првата група која се  состои од  14  девојки од повеќе држави  Велика Британија, САД, Шпанија, Јапонија,Канада.

Тие работат  на конзервација на мозаик, стакло, керамика. Реализацијата на овој проект  е преку Балканско наследство од Софија, Бугарија, која има повеќе слични проекти а ги реализира во Македонија и Бугарија.  

Седма година имаме соработка со НУ Стоби  а најголем акцент ставаме на конзервацијата на мозаиците каде работат  две седмици и една седмица посетителите работат на фрески. Организираме летни стручни школи за странци. Најчесто нашите гости доаѓаат од Северна  Америка, но има и од Европа, Австралија, Нов Зеланд , од земји каде Балканското културно наследство е ценето и популарно   - вели   Ангела Пејчева од  граѓанското здружение ,,Балканско наследство,,.

Тие имаат обврска да ги рекламираат,  популаризираат овие проекти, и местата каде се одвиваат работите. Или тие ја одржуваат врската помеѓу локалитетите со кои имаат договор и заинтересираните студентите.  Нивен дел е административен, организираат кампања, реклами, маркетинг за привлекување на потенцијалните посетители на школите,  покануваат студенти  од универзитети кои соработуваат  со НУ  Стоби, каде  тие доаѓаат тука на обука.

Десет девојки со длето во рака, внимателно ги чистат мозаиците од вековните наслаги на кал. Тие  работат на конзервација на мозаик од нартекс на Епископската базилика  и наесен тој  ќе биде вратен  од местото каде е отстранет за да биде исчистен. 

Мојот универзитет соработува со Балканско наследство и за да можам да дипломирам, потребна ми е ваква пракса. Ова ми е втора година, многу е интересно, забавно и едукативно – рече   Грејс од Лондон Англија.  

Освен конзервација на фрески и мозаици, четири девојки работеа на конзервација на керамика и стакло, пронајдени во локалитетот Стоби.   Минатата година склучен е договор со  ,,Фулфилд рисрч,, невладина организација  на професори од САД, која се ангажира да бараат теренски настава за  нивните студенти во локалитетот Стоби.    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »