Петар Печков
Објавено: четврток, 11 јули 2019
Вчеравечер во Ликовниот салон во Велес беше отворена стрип изложба на млади автори.
На неа со свои дела учествуваат четиринаесет основци и средношколци од Велес, Куманово и Кавадарци.
Изложбата е дел од проектот „Стрип училиште- стрипот во интеркултурна едукативна мисија“ на Стрип- Центарот на Македонија од Велес.
Стрип делата беа создадени на дводневното стрип- училиште кое се одржа на 25 и 26 јуни, во Ученичкиот интернат во Велес. Таму млади автори од разна етничка припадност од трите градови, твореа стрипови цртежи на различни теми.
Оваа изложба после Велес, ќе патува во Куманово и Кавадарци, градовите од каде беа останатите учесници на стрип училиштето.
Tweet |