Петар Печков
Објавено: четврток, 20 април 2023
За час и 15 минути заврши првиот финален натпревар од одбојкарската пресметка за шампион на Македонија. Во Струмица, домаќинот стигна до максимална победа 3:0 (19;19;21) и поведе со 1:0. Единствената предност велешани ја имаа во првиот сет на почетокот кога поведоа со 0:5.
Следниот натпревар се игра в недела во салата Гемиџии, со почеток од 18,30 ч со директен пренос на МРТВ3. Се игра на три добиени натпревари.
Се одигра и натпреварот од 10 коло на Првата ракометна лига за опстанок. Во салата Гемиџии, МРК Борец играше со РК Овче Поле кој е шести со 12 бода и загуби со 26:44 (9:24). Постариот велешки лигаш кој настапува во оваа конкуренција и натаму е последен без освоен бод.
Tweet |