речник контакт

Струмичанец доби условна затворска казна за сообраќајка во која почина жител на Мамутчево

Максимов сам пријавил во полиција дека ноќта во нешто удрил, кај Картманово

Петар Печков

Струмичанец доби условна затворска казна, за сообраќајка во која почина жител на Мамутчево.   Оливер Максимов (34 год) ја признал вината за кривичното дело ,,тешки дела против безбедноста на луѓето,,  по што во Основен суд Свети Николе доби една година затвор која ќе ја лежи ако во следните 12 месеци стори кривично дело. 

Сообраќајка се случи на 14 октомври 2017-та година во 23,15 минути на магистралниот пат Велес- Штип, кај клучката кај Каратманово.  Максимов со неговото возило ,,пежо 406,, со предниот десен дел  удрил во пешакот Томе Јакимовски (57год) од село Мамутчево, кој се движел по коловозот.

Од ударот пешакот паднал и од здобиените повреди починал на лице место, додека Максимов го продолжил патувањето од Штип кон Велес и се пријавил во Полициска станица Велес.   

Семејството на починатиот Јакимовски не се приклучило кон прогонот на возачот. Пресудата не е правосилна. Како олеснителна околност судијата го земал тоа што Јакимовски се движел непрописно по магистралниот пат. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »