Петар Печков
Објавено: вторник, 13 март 2018
Поради спецификата на проблемот, за отстранување на карпата која падна кај Долни Дуќани, утре ќе дојдат стручни екипи. Големата карпа која се одрони утрово, од ,,Цуцка,, го сопре патниот и железничкиот сообраќај. Карпата падна во 8,30 на излезот од Велес и за среќа нема човечки жртви.
Побараме помош од Центар за Управување со кризи и од Дирекцијата за заштита и спасување, оти со механизацијата која градежните фирми со кои работиме, ја имаат не е можно да се реши карпата. И ЈП Македонија пат од Велес, немаат таква механизација. Ќе дојдат и стручни лица од Градежен факултет, кои ќе треба да кажат како да се острани наносот, но да не се доведат во опасност луѓето кои ќе бидат ангажирани. Оти таму уште се одронуваат камења, засега не може никој да работи ништо - изјавија од Општина Велес.
Патниот сообраќај од Велес до Градско се одвива преку автопат, бидејќи регионалниот е затворен. Железничкиот сообраќај до Гевгелија ќе се одвива со потешкотии. Од Македонски железници изјавија дека до Градско и до Градско патниците ќе бидат носени со автобус а потоа ќе продолжуваат со воз. Товарниот железнички сообраќај е во прекин, на железничка станица Велес и Градско стоајта возови товарени со стока.
благодарност до посетителите на ТрМр кои ги испратија фотографиите
Tweet |