Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 февруари 2026
Штипската полиција поднела кривична пријава за две жени, едната е велешанка кои измамила жена од штипско. Првата е стружанка а велешанката била таа која го земала парите од измамената, под изговор дека грешно се уплатени на неа. Деталите од соопштението на МВР.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против С.П.(35)год од Струга и К.Т.(47 год) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци”. Пријавените, довеле во заблуда едно лице од Општина Карбинци и со лажно прикажување на факти, обезбедиле нејзини лични податоци и број на банкарска сметка, при што на 25.06.2025 аплицирале за онлајн кредит во финансиско друштво, а потоа под изговор дека по грешка се парите на нејзината сметка и побарале да ги повлече паричните средства и да ги предаде на второ пријавената“ – соопштија од МВР.
| Tweet |




