Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 април 2016
Како почеток на долгорочна соработка со образовните институции, помеѓу фабриката Маркарт Македонија и Македонските универзитети, неодамна беше реализирана првата студентска посета. Група студенти на отсекот Машинско Инженерство при Универзитетот „Гоце Делчев„ од Штип, имаа можност одблизу да се запознаат со Маркарт Македонија и начинот на работа во компанијата.
При посетата студентите слушнаа за историјата на Marquardt и глобалното работно опкружување, со акцент на производните процеси. Најинтересен дел за нив беше производството и логистичкиот дел како завршница на целокупниот бизнис концепт. Можноста да направат компарација помеѓу теоретските знаења и праксата ја зголеми нивната љубопитност и желба за работа - изјавија од Маркарт.
Разбирливо студентите најмногу биле заинтересирани за можноста за изведување на практична работа или идно вработување во оваа компанија која од минатата есен започна да работи во земјава, конкретно во близината на Велес, во индустриската зона Караслари.
Маркарт Македонија продолжува со соработката и со другите наставни институции. Целта на компанијата е да изгради можност за понатамошна кариера со локалните кандидати со заршено средно и факултетско образование. Отвореноста за идна соработка со сите заинтересирани студенти, факултети и универзитети му дава можност на еден работодавач како Маркарт да инвестира во иднината на младите потенцијали - велат од компанијата.
Tweet |