речник контакт

Студот ја зголеми потрошувачка на вода

ЈКП Дервен предупредува да не се оставаат чешммите да течат, туку да се заштитат со дебела ткаенина

Петар Печков

Студот ја зголемија потрошувачката на вода во Велес. Таа  деновиве е повисока отколку претходниот  период.  Утринските температури деновиве се спуштија на -8 во понеделникот и -9 во вторникот. Според информацијата од ЈКП Дервен, изминатите денови  на месец јануари  во просек се трошело 162 литри/сек. За илустрација лани  во ноември просечна потрошувачка на вода била 155л/сек а во декември  157л/сек.

„Поради мразот, некои сограѓани ги оставаат чешмите , водата да тече, од страв од замрзнување.  Поради тоа е зголемена потрошувачката. Апелираме до потрошувачите, повнимателно да ја трошат водата и превентивно да ги заштитат славините за вода“ - велат надлежните од ЈКП Дервен.

Од ЈКП Дервен потсетуваат, граѓаните  да  заштитат водомерите од замрзнување така што ќе ја завиткаат водомерната инсталација со дебела ткаенина и ќе ги затворат вентилите на чешмите во дворовите.
Во случај да им замрзне водоводната инсталација, граѓаните треба да внимаваат кога ги одмрзнуваат цевките користејќи грејни тела – тоа да го прават внимателно и на одредена оддалеченост од инсталацијата, и во никој случај да не користат директен пламен врз цевките или водомерот, затоа што може да предизвикаат оштетување, особено ако цевката е пластична.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »