речник контакт

Судењето за убиството во Ореше никако да започне

Адвокатите побараа изземање на судијата кој работи на овој предмет,поради отфрлање на нивните предлози

Петар Печков

Ниту во вториот обид не започна судскиот процес за Ѓоре Петровски ( 42 год) кој е обвинет  како нарачател  за убиството во Ореше, кое се случи пред  шест години. Адвокатите побараа изземање на судијата  кој работи на овој предмет, Илија Танев.

Поради отфрлање на нашите предлози, бараме судијата  Танев да биде изземен – изјави Марјан Витанов, зад кое барање застанаа  и останатите тројца адвокати.

По ова судијата Танев го прекина рочиштето, додека претседателот на Јордан Лазаров судот не одлучи  по барањето на бранителите. Ова е втор пат како адвокатите бараат иземање на судијата Танев, претходно тоа се случи  и на рочиштето кое се одржа на 28 октомври минатата година и тогаш беше одбиено. Претходно бранителот на обвинетиот Петровски, адвокатот Коста Нојков побара на увид да го добие документот со кој американскиот Интерпол одговорил, зошто Петровски е испорачан на Македонија.

Се уште нема одговор на барањето за екстрадиција, кое Македонското Министерство за правда го поднесе до надлежните во САД пред  три години. Овој документ што го доставиле е одговор на сугестивно поставеното прашање од македонскиот Интерпол, до нивните американски колеги. На такво прашање даваат и таков одговор, дека Петровски по минати  924 дена во имиграционен притвор, бидејќи ги прекршил правилата за престој во САД, е депортиран во Македонија. А каде  е одговорот за барањето за екстрадиција, тој мора да постои и затоа се противам судскиот процес да започне, додека не излезе на светлина – рече Нојков.

Откако ова негово барање беше отфрлено, бранителите побраа иземање на судијата Танев. Во текот на летово Петровски беше испорачан од САД, но никако да започне судскиот процес против него. Тој е обвинет дека платил 20 илјади долари на браќата Љупчо и Ордан Ѓоргиевски, заради освета да го убијат старецот Лазо Милошевски (71 год) од велешкото село Ореше. Обвинетите Ѓоргиевски, во отсуство на Петровски, два пати беа осудени на по 12 години затвор, но Апелација ги укинуваше овие пресуди.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »