Петар Печков
Објавено: среда, 09 март 2016
Вештачењето на телефонските разговори на трите мобилни апарати, кои биле употребувани од обвинетиот и убиениот даваат нов тек на доказната постапка, за убиството Оризарецот Бајро Ибрахимовиќ.
Вештото лице дипл. инг. електро - техника Снежана Софијанова изнесе сосема спротивни заклучоци, од тие што ги понуди велешката полиција како доказен материјал. Вината на обвинетиот Адис Куртагиќ се заснова на докази за меѓусебна телефонската комуникација со убиениот, според базните станици од каде истата се водела.
Ги следев текот на разговорите од трите телефонски апарати, кои се анализирани од полицијата и според нив го товарат обвинетиот. Тоа се телефоните на обвинетиот Адис, алкател на убиениот Баки и моторолата која е најдена до лешот. Апаратот ,,моторола,, од местото каде е пронајден близу телото, не може да биде поврзан со било кој број преку базната станица Солунска, која е микро и е лоцирана во центар на градот. Моторолата од место каде е пронајдена користи сигнал од макро базна станица Св. Илија или некоја друга која е во близина. Треба да се знае дека местото на живеење на двете лица -Горно Оризари се покрива за мобилни разговори преку базната станица Еловец Лисиче. Интересно е што сите три апарати цел на вештачењето , биле истовремено во опсег на една базна станица тоа е Богомила 2, која е далеку од Оризари во воздушна линија 39 км. во терминот од 15.19 до 16.44 часот. Во овој период во 15,41 е направен единствениот разговор помеѓу обвинетиот и мобилниот апарат моторола пронајден покрај убиениот, кој траел 81 секунда. Потоа бројот на моторолата пронајдена до телото воопшто не бил ниту баран, ниту таа е користена. Имало обид за повик кон неа следниот ден, но поради дотраеност на батеријата не може да се констатира кој ѕвонел - рече Софијанова.
Таа ги анализирала разговорите за критичниот ден 24 март 2014-та кога било сторено убиството. Полицијата сметаше дека последните разговори кои се водени помеѓу убиениот Бајро и обвинетиот Адис се од иста базна станица Солунска, која гравитира кон местото каде е пронајдено телото и така ги поврза сторителот и убиениот.
Ако обвинетиот и убиениот последен пат телефонски разговарале на територија многу подалеку од местото каде тие живеат и каде е најдено телото, и во термин далеку од тој кога се претпоставува дека е сторено убиството, тогаш нема ниту еден доказ дека обвинетиот е сторителот. И онака материјален доказ и мотив нема - рече адвокат Борче Стојанов.
На претходните рочишта патологот д-р Билјана Јаневска изјави дека врз основа на јакната, облеката, но и зглобовите на рацете и нозете на убиениот Бајро може да се каже дека телото не било влечено, не е пренесувано од едно на друго место. Чичкото на убиениот Адис, Вехбо Ибрахимовиќ на првото рочиште кажа дека неговиот внук Бајро бил кај него на 24 март 2014 во 15,30 ч. кога повикал такси за да го однесе старецот за Болница Јасеново.
Убиениот Бајро беше пронајден на 11 април во разрушена куќа близу Бензинската на влезот во Велес, од правец на Штип, од деца кои собирале полжави. Кај починатиот во џебовите биле пронајдени бели медицински ракавици и спеј за онеспособување. Ибрахимовиќ е сурово ликвидиран со еден истраел во тилот од пиштол со калибар 7,65, кој не е пронајден, вечерта на 24 март 2014-та во термин помеѓу 21 и 22,15ч. а телото беше пронајдено откако 25 дена се водеше како исчезнат.
Tweet |