речник контакт

Судија и обвинител од САД во посета на Основен суд Велес

Се разговарало за споредбените искуства и позитивни практики од судскиот систем на Соединетите Американски Држави

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, вторник, во  работна посета во Основен суд Велес биле  Пол Г. Бајрон – судија на Регионалниот суд во Орландо, САД и Челзи Шинур – прв правен советник во Американската амбасада во Скопје и јавен обвинител од Пенсилванија, САД.

За време на посетата биле одржани работни средби со в.д. претседателот на судот Александар Шопов и судиите од Кривичниот оддел Валентина Ѓорѓиевска, Аница Теова, Габриела Гајдова и Шефшет Адеми. 

На средбите беше презентирана организацијата на работата на Основен суд Велес, неговата надлежност и предизвиците со кои судот и судиите се соочуваат во секојдневното работење. Разменети се мислења околу тековните реформи на македонскиот правосуден систем, се разговараше за споредбените искуства и позитивни практики од судскиот систем на Соединетите Американски Држави и за други актуелни прашања од кои се од значење за зголемување на судската ефикасност и независност и остварување на начелото на владеење на правото - соопштија од велешкиот суд. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »