речник контакт

Судот демантира дека пресудата не е објавена во 9 часот

Како тоа пресудата изречена во 9 ч. кога судијката замина од зградата на Основен суд во 8:58 разговарајќи на мобилен. И изрекува пресуда и разговара на мобилен

Петар Печков

По вчерашниот текст  објавен на ТрМр дека судијката Габриела Гајдова  на 18  јули  си замина од зградата на судот во 8:58 ч. разговарајќи на мобилен телефон, и не ја објави пресудата во 9ч, како што самата  најави на рочиштето од  16 јули стигна демант  од Основен суд Велес.  

,,Од списите на предметот К.бр.159/18 и од електронското досие на предметот во системот АКМИС се утврдува дека на ден 18.07.2018 година во 09,00 ч. е објавена Пресуда против обвинетиот Е.П. од Халкида, Р. Грција,, пишува во демантот. Сепак за тоа дека судијката излезе порано од 9ч. кога требаше да ја изрече пресудата  постојат сведоци, постои видео снимка,  ќе одлучува Судскиот Совет на Република Македонија  до каде е испратена претставка.  Може снимката да ја снема да се избрише, сведоците да заборават, ама листингот со разговори ?? 

А за АКИМС на кој се повикува во демантот Основен суд Велес, доволно читавме претходните денови, како тој функционира и како работел за што министерката за правда Рената Тренеска Десоска  даде информација.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »