речник контакт

Судската администрација, наместо на прослава на протест

Бараат исти законски права како и сите во правосудството

Петар Печков

Вработените во судската служба во Основен суд Велес, преку Здружението на судска администрација, на Денот на правосудството 31-ви март, изразија  незадоволство со протест пред судската зграда.  

Незадоволството на вработените во судската служба  е поради нееднаквиот третман со останатите врботени во правосудството. Поради таквиот третман вработените во судската служба штрајкуваа во периодот од 18 мај   до 15 јули минатата  година, но и покрај тоа не се удоволија нивните барање за измена на Законот за судска служба и добивање на исти законски права како останатите вработени во правосудството – стои во писменото соопштение на судската служба.  

Истовремено вработените во судската служба незадоволството ќе го изразат и со неприсуство на свеченото одбележување на денот на правосудството. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »