Петар Печков
Објавено: среда, 13 септември 2023
Под мотото „Европски плати и за Вас и за нас“ судската администрација од утрово започна со протест во периодот од 9 до 11 часот. Во овој период влезот во Основен суд Велес е слободен, странките имаат пристап, но администрацијата не присуствува на закажаните судења.
Протестот е во организација на Независниот синдикат на државна администрација, подружница Велес (НЗДА) заедно со Независниот синдикат на државната администрација. Тој ќе се организира секој ден до исполнување на барањата, најавија организаторите.
„Нашите барања се 78 отсто покачување на минималната плата како и 35 отсто додатоци на плата поради специфичноста на работните обврски. Овие барања се во согласност на Законот како што се покачија платите на судиите, така ние бараме покачување на минималната плата. Тоа ќе биде усогласување со покачувањето на животните трошоци. Јавноста треба да знае дека нашата плата е 20 до 22 илјади, освен на стручните соработници“ - кажа Круме Тодоров, претседател на НЗДА подружница Велес.
Здружението на судска администрација при Основен суд Велес даде поддршка на протестот.
Tweet |