Петар Печков
Објавено: четврток, 25 февруари 2010
Последното рочиште од судскиот спор градот Велес против државата Македонија поради три децениското загадување на градот од Топилницата, ја отвори дилемата колку тужителите се финансиски моќни да го издржат овој случај. Имено за продолжување на постапката, тужителите, Општина Велес и Зелената коалиција, составена од десетина граѓански здруженија, ќе треба да го платат вештачењето за да се одреди кои површини ќе се испитуваат.
Вештакот треба да одреди кои се парцелите посочени во тужбата по имотен лист, со број, дали се приватни или државно земјиште, за да може натаму во друго вештачење на тие површини да се докаже колку во нив има тешки метали. Неофицијалните податоци зборуват дека за да се завршат овие две вештачења, ќе треба да се платат минимум 50 илјади евра, освен доколку вештаците во двата случаи не покажат ,,широкоградост,, и не побараат пари, поточно не речат дека сакаат да работат ,,гратис,, .
Досега извршените постапки со кои се докажа присуство на тешки метали во почвата во велешко, не се прифаќаат бидејќи не се изработени од признати судски вештаци. Новата нивна изработка би траела, како и овие досега сработените, најмалку две години. При што ќе биде потребно да се најдат државни парцели, каде би се извршувале испитувањата, бидејќи малку веројатно е дека било кој земјоделец ќе дозволи две години неговата парцела да се користи за вештачење, со подигнување на детелина, а без за тоа поединецот да добие финансиски надомест.
Откако овие две работи ги слушнаа претставниците од ,,Зелената коалиција, тие кратко прокоментираа дека немаат Буџет од кој би ги финансирале овие трошоци. Претходно на судското рочише, првотужителот, претставникот на Општина Велес рече дека сите тужители треба сразмерно да ги покријат трошоците за вештачење.
Со тужбата која неодмна беше преформулирана, општина Велес и ,,Зелената коалиција, не бараат финансиско обештетување, туку држaвата бидјеќи дозволила велешани три децении да бидат загадувани поради работата на Топилницата, таа да изврши отстранување на тешките метали од почвата, механички со елиминирање на горниот слој од земајта или со фиторемедијација, со одгледување на одредени растенија кои ќе ги апсорбираат оловото и цинкот од земјата. Следното рочиште е закажано за 27 мај.
Tweet |