речник контакт

Сушата ја оневозможува есенската сеидба во велешко

Пченицата е засеана едвај 15 отсто а јачменот на половина од предвидените површини

Петар Печков

Во велешко есенва се засеани само 150 хектари  под пченица а планирани биле 1,13 илјади хектари. Ова се однесува на индивидуалниот сектор и задругите. Причина за ова е долгата суша, три месеци нема заврнато па земјата е сува и не може механизацијата да влезе. 

 Со мојот трактор не можам да влезам во површините, од толку што е сува земјата. Изнајмив моќен од велешка компанија, 500 денари ми земаа за еден ден. А со еден не завршувам работа. Потребен е дожд, влага. Најавија за деновиве  дека ќе врне, да видиме дали ќе го има дождот - вели земјоделец од Овчеполието, од село во Општина Лозово. 

Засеаната површина со јачмен е подобра, таму се засеани 1,4 илјади или половина од предвидените  2,9 илјади ха.  Засеаните и планирани површини се однесуваат на општините Велес, Чашка и Градско. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »