Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 септември 2024
На последната седница на Советот на Општина Велeс, беше актуелизiрано прашањето за поставување на т.н. легнати полицајци, на улиците каде веќе ги имаше, но поради нивното асфлтирање, беа времено отстранети. Градоначаникот Марко Колев најави дека ќе бидат вратени. Тие служат за успорување на сообраќајот на улици каде има фрекфенција на деца и ученици.
„Лежечките полицајци ќе се постават на сите улици каде ги имаше. Тоа се на Љубљанска кај ОУ Блаже Коневски, на Борис Трајковски, кај ОУ Васил Главинов, кај ОУ Панко Брашнаров и пред библиотеката Гоце Делчев. И ќе бидат унифицирани, не некад од бетон, асфлат, некаде пластика“- кажа Колев.
Т.Н. легнати полицајци ќе биле поставени пред пешачките премини и се идентични како веќе поставените пред средното училиште Коле Неделковски.
Tweet |