речник контакт

Т-Мобиле во Македонија доаѓа со Пет шоп бојс

Британската група Пет шоп бојс со концерт на плоштадот Македонија ќе го означи доаѓањето на Т-Мобиле во Македонија. Ребрендирањето на мобилниот оператор Мобимак во Т-Мобиле Македонија ќе биде на 7 септември, кога и ќе се одржи концертот.

Аница Солева

„Мобимак како најдобар мобилен оператор го направи најдобриот избор со британската група за настанот на 7 септември“, рече Миле Бошњаковски, директор за корпоративна комуникација во Мобимак на денешната прес-конференција.

Мобимак, како што додаде главниот оперативен директор Мајкл Лоренс работи со полна пареа на ребрендирањето, а концертот на Пет шоп бојс, како што додаде Барт Вајермарс главен маркетинг директор е само почеток на интересни настани што ќе следат до крајот на годината.

Концертот ќе го организира Авалон продукција, која, како што беше истакнато на средбата со новинарите, е избрана бидејќи? е долгогодишен партнер на компанијата и оти ги задоволува критериумите за организирање на ваков концерт.

Бобан Милошевски од Авалон продукција соопшти дека во опција биле четири групи, но оти е испратена понуда само на британската група, која во Македонија, како што најавија, ќе пее на бина со светски изглед.

Се разгледувала можноста да настапат Симпли ред, Блек ај пис и Прл џем, но било одлучено понуда да се испрти само до Пет шоп бојс.

Извор: А1

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »