речник контакт

ТВ серијата за Кочо Рацин ќе биде премиерно прикажана на 60 Рацинови средби

ТВ серијата која има 10 епизоди е снимена 2016 година и досега не е прикажна

Петар Печков

Општина Велес ги обезбедила авторските права за ТВ серијата „Црвениот поет“, посветена на Кочо Рацин и истата ќе биде прикажана во рамките на содржините од 60 Рацинови средби, кои ќе се одржат од 9 до 15 јуни.  Ова беше кажано на денешнта прес конференција , како најава за манифестацијата.

Прикажувањето  на тв серијата започнува понеделник на 12 јуни и со по неколку епизоди ќе биде прикажана на отворено, во вечерните часови,  се до 14 јуни.  

„Серијата е во продукција на „Сектор филм“ сценариото е на Сашко Насев, режијата на Никола Поповски. Прикажувањето ќе биде во амфитеатарот во младински парк,  и е слободно и достапно за сите граѓани од Македонија“ - кажа Александра Андреева од локалната власт на Општина Велес.

ТВ серијата „Црвениот поет“ посветена на Коста Солев Рацин е снимена во 2016 година и досега не е емитувана  на националните телевизии.  Има 10 епизоди.  Ликот на Рацин го игра актерот Александар Ристоски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »