речник контакт

ТЕЦ Неготино ќе започне да произведува електрична енергија за десетина дена

В петок треба да се отворат понудите за мазут, доставени до АД ЕСМ

Петар Печков

ТЕЦ Неготино  ќе започне со  производството на  електрична енергија  најмалку за десетина дена. Ова се најавите кои доаѓаат од раководството на термоцентралата, откако    АД „ЕСМ“ го распиша тендерот за набавка на мазут, кој ќе биде отворен в петок.  Тие  ќе ја набават потребната количина мазут за функционирање на ТЕЦ „Неготино“ и ќе ја преземат целокупната произведена електрична енергија.

„Владата даде согласност да се склучи договор за деловно- техничка соработка меѓу АД „ЕСМ“ и АД ТЕЦ „Неготино” за набавка на мазут и за производство на електрична енергија, во периодот декември 2021 - април 2022, со можност за понатамошна соработка доколку за тоа има потреба. Владата ќе ја помогне набавката на мазут потребен за период од еден месец, во што ќе учествува и АД „ЕСМ“ со свои средства“- соопштија од Владата.

ТЕЦ Неготино се  активира по 12 години пауза, последен период на работа беше 2009-та година. Според Владата целта е  за дополнително, времено производство на електрична енергија во услови на енергетска криза. Тендерот кој е распишан од АД „ЕСМ“  е за количина од 6,5 илјади тони мазут, кои доколку ТЕЦ  работи со една турбина, според познавачите, ќе биде доволно за два месеци работа.

Производителот подготвен да започне со работа.

„Редовно правиме контрола на постројките, еднаш годишно профилактика  на опремата, сходно плановите кои ги имаме како ладна резерва“ -рече Небојша Стојановиќ, директор на ТЕЦ Неготино.

Произведената електрична енергија во ТЕЦ Неготино, АД „ЕСМ“ ќе ја искористи во еден дел за потребите за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи во случаи на кусоци, дел ќе понуди за потребите на АД „МЕПСО“, додека вишокот електрична енергија, ЕСМ Продажба преку Стопанската комора, ќе ја понуди на продажба на слободен пазар на домашните стопански субјекти, по цени пониски од цените на берзата.

МЖ Инфраструктура во меѓувреме изврши репарација на пругата во должина од 2 км. од железничка станица Дуброво до ТЕЦ Неготино, и таа е подготвена да го  пренесува мазутот  кој ќе стигне во земјава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »