Петар Печков
Објавено: сабота, 31 декември 2011
2011 ја испраќаме во историјата. Секој со своите впечатоци, иако според последната анкета на ТРМР посетителите памтат и знаат за подобри времиња. Надежта дека следната 2012 ќе биде подобра и поуспешна.
За изминатите 365 денови оваа страница ви понуди околу илјада вести. За секого и од се по нешто. Имаше вести кои достигнаа и до 4-5 илјади посетители, број на кои ќе ни позавидат и дневните весници.
Во центарот на интересот беше човекот и неговите судбини, не продававме политика. ТРМР Ви благодари за довербата што ја имате и што му верувате. Илустрација е по објавената првоаприлска шега дека Кате Брезева и Соната се разијдоа, се бројните јавувања до членовите на групата па и од веќе договорените свадби да прашаат што се случува.
ТРМР ја откри страшната вистина која летово го тресеше градот, во езерото Младост нема чудовишта, а едно каснување од куче доби епидемиски размери дека во водата има ајкули, пирани.. Октривме дека во Велес е извршена првата операција на зголемување на пенисот во Македонија.
Ни веруваат и општинските власти, бидејќи за луѓето за кои пишуваме, тие ги наградуваат со општинското признание. Благодарност и за сите што еден клик на сподели, нашите информации ги пренесуваат по светот.
А бројките се факти 713,787 Прегледи на страни, 241,027 Посети 64,307 Уникатни посетители. Убаво е чувството кога ќе се дозне дека велешани каде и да се во светот не можат без својот град, кој е во центарот на пишувањето на ТРМР. Доказ за тоа се посетите од Улан Батор - Монголија, Виетнам, Лима - Перу, редовните посетители од Финска, Исланд, Норвешка, земјите на Западна Европа, Канада, САД, Австралија, Нови Зеланд. Бидете со нас и натаму
Ваш ТРМР, најстариот електонски весник во Велес кој со Вас е веќе шест години
Tweet |