речник контакт

ТРМР екслузивно ви најавува

Концерт на Трпчевски во Велес

Петар Печков

Откако го клекна светот на коленици и го освои со неговото музицирање македонскиот бренд без дамка во кариерата Симон Трпчевкси ќе одржи концерт во Велес. Според неговата агенција  „КултурОп“  тоа ќе се случи на ден пред Денот на градот 9-ти нОмеври, значи на 8-ми ноември вечерта во салата Бели Мугри со почеток во 20 часот. Концертната турнеја е од хуманитарен карактер, а почнува во Домот на културата во Валандово Нашиот пијано-виртуоз Симон Трпчески од утре до 8 ноември ќе одржи турнеја низ државава. Како што најавуваат од агенцијата „КултурОп“, кои ќе ја организираат турнејата, серијата концерти ќе бидат како продолжение на ланските настапи на Трпчески низ државава, а со кои беше предизвикан голем интерес кај гледачите.

- Како резултат на извонредниот прием од домашната јавност и публиката од градовите во кои се одржаа првите три циклуси, како и поради барање и огромно инсистирање на публиката во внатрешноста на земјава, Трпчески повторно ќе настапи низ нашата земја - велат од „КултурОп“. Концертната турнеја ќе биде од хуманитарен карактер,  на 10 октомври концерт ќе одржи и во Домот на културата во Кавадарци. Турнејата продолжува и следниот месец, при што на 7 ноември Трпчески ќе има концерт во Охрид. Турнејата ќе заврши со концерт во Велес на 8 ноември. На концертите Трпчески ќе изведе дела од Хајдн, Моцарт, Шопен, како и од домашни автори, при што премиерно ќе биде изведена и нова суита од Панде Шахов. По секој концерт предвидени се и средби со публиката, при што Трпчески ќе ги потпишува и своите компакт-дискови.Неодамна тој одржа и повеќе концерти низ европските центри на културата, а за неговите настапи се пишуваше и во повеќе музички списанија. Со пофалби и позитивни критики беа освртите на медиумите во Ливерпул, Велика Британија, каде што Трпчески минатиот месец настапи како солист во изведбата на Концертот број 3 за пијано и оркестар од Сергеј Рахманинов, заедно со Кралскиот Ливерпулски филхармониски оркестар, а под диригентската палка на Василиј Петренко.

Со овации и долги аплаузи Трпчески деновиве беше награден и од публиката во Тронтхајм, Норвешка, каде што со Симфонискиот оркестар на тој град го изведе пијано-концертот од Морис Равел. Диригент беше маестро Александар Ведерников, кој го предводеше оркестарот на театарот Бољшој на концертот во Скопје во мај годинава. Единствената дилема кај кулутната ајвнсот во Велес е каква посетаност  и како ќе мине овој концерт во Велес, бидјеќи пролетоска концерт имаше и маестро Борис Трајанов, исто така хуманитарен ама пред полу исполета, други би рекле полуипразната,  сала Бели Мугри.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »