Петар Печков
Објавено: недела, 05 јуни 2011
ТРМР од неодамна е достапен и на мобилниот телефон, преку интернет врската. Така сега 24 часа, и кога не сте дома ќе можете да прочитате што има ново во градот и пошироката околина, а не е поврзано со политиката.
Така страницата која стана информатор на велешани за градското живеење е достапна преку овој линк http://www.tirekovmirece.com/mobile.
Рекордната посетеност од 3-4 илјади посетители за одредени вести, го потврдува фактот дека ТРМР е страница на која и верувате и ја читате.
Оваа новина, достапност преку мобилен е една од низата која последните месеци страницата им ја дава на посетителите.
Претходно беше овозможено сите вести да ги споделите на Фејсбук и Твитер, со што уште повеќе се зголеми посетеноста.
Tweet |