речник контакт

ТРМР лани со 253 илјади посетители и 1,37 милиони прочитани вести

И натаму Ти реков ми рече Ваш прозорец кон градот. Лани пласирани 1112 вести. Се чита на сите континенти. Кои се 10-те најчитани текстови

Петар Печков

Бројките најдобро зборуваат за работата. Статистиката  вели дека лани ТРМР  го читале 253.162 посетители. Тие отвориле 778.793 пати  и прочитале 1.373.351 текст. Просечно секој од Вас се задржувал 1 мин. и 10 сек.

Од посетителите 70 отсто веќе знаеле за страницата а 30 отсто се нови.   Најмногу посетители  кои ја посетиле ТРМР биле од Македонија ( 87%), потоа од  Германија( 2,6%) , па САД (1,9%), Канада, Италија, Шведска, Словенија, Австралија, Велика Британија и Австрија.  

 За изминатите 12 месеци на страницата има поставено 1112 текста, од кои 95 отсто се авторски, сопственост на порталот,  а само 5 отсто преземени од други медиуми 

Станицата е читана секаде низ светот. За илустрација нема регистрирано посети во Парагвај од Јужна Америка, Никарагва од Средна Америка,  од Азија нема од Северна Кореја, Јемен, Лаос, Бутан, Туркменистан. Таџикистан  и Киргистан. Во Африка списокот е поголем, пола - пола.. 

Ваш ТРМР, најстариот електонски весник во Велес  кој со Вас е веќе десет години, ви благодари за довербата  

Најчитаните 10 лани беа: 

Цел живот создаваа, изгоре за половина час 9.186

Рекордна пита пастрмалија во Велес              7.027

Драган Илков го фати  крстот                         6.067

Признанија з а најдобрите  медицински сестри 5.873

Семејството бара одговор за смртта на Стојчевска  5.715

,,Кинезот,, стаса до Велес, пробно  5.674

Во МК Стоби утрово не се работеше  5.25

Голем пожар во Дворови, изгореа три куќи, еден починат,шестмина повредени 5.059

Година дена затвор за велешки доктор   4.831

Две велешанки именувани на високи позиции во државните институции  4.722

Страницата  има свој ФБ профил, каде  освен дел од текстовите  објавени на ТРМР има повеќе фотографии и најави на дневни настани.  Бидејќи има повеќе  Ти реков ми  рече, ова е ФБ профилот:  https://www.facebook.com/trmrveles/info

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »