Петар Печков
Објавено: среда, 28 август 2019
Ќе се зголемува бројот на пожарникари во територијалните противпожарни единици и ќе се обучуваат пилоти за летање со канадерите, авиони за гаснење пожар. Ова го најави премиерот Зоран Заев, по денешната посета на езерото Младост, чија околина во понеделникот изгоре во десет часовната огнена стихија.
Сите овие години има голем број донации на опрема и возила, но тоа е далеку од доволно. Ќе продолжиме со поголем интензитет да ги опремуваме противпожарните станици, кадровски да ги до екипираме и технички да ги опремиме рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се започне со обнова на пожарникарските коли кои се стари во просек по 25 години а бројот на пожарникари е помал од нормативите. Дополни дека блок дотациите за финансирање на ТППЕ од МВР биле префрлени во Министерството за одбрана, со што се создавало можност за кадровско јакнење но и набавка на нова опрема.
Од Владата воочиле дека и Дирекцијата за заштита и спасување мора да навремено да се екипира. Во земјава има три противпожарни авиони ,,ер трактор,, и двајца активни пилоти, кои физички не можат да стигнат да реагираат секаде низ земјава, кога има пожари.
Во Буџетот има предвидено 12 милиони денари за до едукација на пилоти, оти ги нема. Мислам дека ќе одат во Хрватска на до образование за да може да се до екипираат. Пилотите имаат право на одмор после одреден број на часови на лет. Таков беше и случајот во Велес и затоа повеќе вода истурија воените хеликоптери отколку канадерите - кажа премиерот Заев. Што се однесува до пожарот кој зафати 400 ха површина околу езерото Младост, тој нагласи дека штетите и последиците се долгорочни.
Тажни се сликите кои ги гледам на велешко езеро Младост, сочувствувам со велешани кои за неколку часа изгубија омилено рекреативно излетничко место. Чувствувам и гнев, оти се случило од човечка небрежност и неодговорност - рече Заев.
Најави дека ќе се спроведе план за брзо, масовно и ефикасно пошумување, кој ќе започне од есен со вонредно пошумување со што оваа територија. За таа цел во со ребалансот на Буџетот, ќе се предвидат средства за ЈП Македонски шуми да може да ја изведе акција, која би се спровела во ноември.
Tweet |